Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19.
Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.