Сега е најважно да се спасуваат човечки животи. Се обидувам да го одржам темпото на работа, ги одржувам сите тие активности кои не бараат контакт. Секако, теренските активности по кои сме најпознати за жал се стопирани, вели за Канал 5 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во серијата интервјуа на телевизијата.

Се разбира, сега може да го надополнам тоа што порано не успевав – повеќе време со семејството, со почитивање на сите мерки – полицискиот час, така што попладневните часови и викендите останува за семејството. Така што, ако во оваа ситуација има некаков плус, тоа е тоа.

Тоа што, во контекст на целокупната ситуација загрижува е ситуацијата во Прилеп, каде бројот на заболени секојдневно расте… Изгледа, за жал, не се научија лекции од Куманово и Дебар, а ненаучените лекции се плаќаат со човечки животи. Апелирам за Прилеп, потребно е што повеќе тестирање на лицата кои имале индиректен контакт, а сега се тестираат само тие што имале директен контакт. Потоа, резулатите доцнат. Имам информации дека сега се чека 5-7 денови за резултатите, што е недовозволиво, зашто прва работат е да тестирате, втора е бргу да добиете резултати за да може да се пристапи кон лечење… Третата работа, која е суштинска е да се направи тестирање а сиот медицински персонал, да добие најсовремена заштитна опрема кој за жал сега недостига, и да се доопреми болницата во Прилеп…, истакнува меѓудругото Николоски во разговорот.

– Понатаму, битолската болница, како најблиска клиничка болница до Прилеп, да ги зголеми каацитетите, а останува и Скопје за најтешките случаи. Така што ова е еден сет на мерки за Прилеп, за да не ни се случи нов Дебар или ново Куманово. Што се однесува до вашето прашање за акцизата, тоа барање треба комплетно да се отфрли. За жал, олигарсите во Македонија, кои во едно друго време во Македонија, во една криза кога се распаѓаше Југославија успеаја без пари да ги земат компаниите во Македонија и без пари да станат нивни газди, сега тие се истите кои во оваа криза сакаат да профитират. Имаат брак од интерес со СДСМ од поддамна и тој брак го користат за во време на криза дополнително да се збогатат. Оваа мерка се однесува само на неколумина во Македонија. Јас сум свесен дека тие имаат големи трошоци. Имаат по неколку мерцедеси, имаат по неколку вили на Халкидики и на други места кои треба да ги одржуваат, дел од нив имаат и јахти кои треба да ги одржуваат, но тоа не смее да биде на грбот на граѓаните. Што се однесува до банките, ова е време во кое мора да се солидаризираме. Прво е дека економијата мора да опстане. Но, пред се мора да имаме здраво население, но мора да се спаси и економијта. За да се стори тоа, мора сите да помогнат почнувајќи од држвата, преку банките, до најголемите компании како носители на економската активност. Мислам дека и на банките им е јасно дека доколку колабира економијата, ќе нема кој да остава депозити во банките за да можат банките да имаат пари со кои ќе даваат кредити од кои добиваат камати односно профит. Јасно е дека ако економијата колабира, ни тие што веќе зеле кредити, не ќе можат да ги вратат на банките, што се заедно води кон колапс, изјави Николоски.