Велигден само што не пристигнал и потребни ви се идеи како да ги бојадисате јајцата и да ги израдувате своите домашни.
За бојадисување јајца потребна ви е боја за храна, оцет и масло.
Прво варете ги јајцата најмалку 5 минути, да бидат тврдо варени. Потоа јајцата ставете ги во студена вода да отстојат околу половина час.
Провријте малку вода, сипете ја во чаши, да бидат до половина полни. Во секоја чаша ставете лажица оцет. Потоа ставете по 20 капки од бојата за храна, во секоја чаша различна боја.
Потоа полека спуптајте ги јајцата во чашата, оставете ги пет минути или подолго, а потоа извадете ги.
Потоа во секоја чаша додадете масло една лажица и вратете ги јајцата во бојата, но така што жолтото јајце ќе го ставите во зелената боја, црвеното во виолетова и така натаму.
Ќе ве воодушеват резултатите.