Реал Мадрид има предност во однос на останатите кандидати за Ерлинг Холанд, доколку трансферот на напаѓачот се случи во наредните месеци, анализира „АС“.

Во суштина Борусија (Дортмунд) не сака да се раздели со норвешкиот напаѓач, кого неодамна го привлече. Но, ако поради некоја причина продажбата е актуелна пред почетокот на следната сезона, тогаш „Сантијаго Бернабеу“ е најверојатна дестинација.

Од една страна, управата на германскиот клуб е во одлични односи со онаа на „Лос Меренгес“. Од друга страна, менаџер на Холанд е Мино Рајола, кој веќе вети дека ќе му помогне на Реал Мадрид со sвездена летна набавка. 19-годишниот напаѓач е исто така во добри пријатели со неговиот сонародник Мартин Јодегор, кој е во сопственост на тимот од главниот град.

Јувентус и Манчестер Јунајтед се другите сериозни претенденти за потписот на Холанд.