Вчерашниот ден во Бугарија се смета за рекорден по новозаразени. Бугарските здравствени злужби добија позитиви резултати за 46 лица, по што беше донесена одлука од синоќа на полноќ главниот град Софија да биде затворен за влез и излез.

Одлуката е доенсена бидејќи Софија е град со најголем број заразени, а илјадници граѓани се подготвувале да тргнат кон провинцијата за Велигден или, пак, да дојдат во Софија.

Инаку, Бугарија има 846 заразени, 46 смртни случаи, 141 опоравени, 37 критични пациенти, 122 случаи на еден милон жители, 6 починати на еден милион жители и 2 663 тестирани на еден милион.

Макеоднија има 1 117 заразени, 49 смртни случаи, 139 опоравени, 15 сериозно критични, 536 случаи на еден милион жители, 245 починати на еден милион жителии 521 тестирани на еден милион жители.

Денот кога Бугарија ја затвори Софија поради 46 нови случаи, Македонија доби позитивни резултати за 36.