Речиси половина од 2.300 членови на екипажот на францускиот носач на авиони Шарл де Гол се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли.
Таа во Парламентот рече дека од 2.010 тестови, 1.081 биле позитивни.
Парли додаде дека 545 членови на екипажот имаат симптоми на Ковид-19, додека 24 се во болница.