Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека вакцината против коронавирусот, тогаш кога ќе биде пронајдена, мора да биде „глобално јавно добро“ достапно до сите, пренесоа агенциите.

Гутереш на Твитер објави пост во кој истакна дека за развојот на вакцината против Ковид-19 е потребна глобална соработка и дека вакцината, еднаш кога ќе биде направена,  мора да им биде достапна на сите луѓе во сите краишта на светот.

„Таа мора да претставува глобално јавно добро“, напиша тој.