Вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски упати јавен повик до УНИЦЕФ во Македонија, народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет во Македонија и Детската амбасада Меѓаши.
И порачува на Владата – не брзајте, училиштата ги немаат основните хигиено-здравствени и педагошки услови за изведување на настава во овие вонредни услови! Во својот повик, Илиевски вели:
„Во ова здравствена состојба на корона вирусот (КОВИД19) во која се наоѓа нашата македонска држава, во која се одземаат невини животи, македонското општество прогласи вонредна состојба. Во ова време на пандемија кога ни се затворени училиштата, факултетите, се ограничени на работа некои установи, има ограничености на движење на повозрасните лица од 66 години, како и помладите до 18 години (се предвидува до крајот на годината). Има препораки од СЗО и други здравствени авторитети. Во овие вонредни услови, Техничката Влада и техничкиот премиер Оливер Спасовски, размислуваат и предлагаат од 15 мај повторно да ги отворат училиштата како и продолжување на училишнта година. Ова е предлог како што наведов на техничката Влада и на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вакви јавни искажувања нема од Министерството за образование и наука.
Во ова прилика ја потсетувам техничката Влада и нивниот технички премиер: Да се почитуваат здравствените препораки. Училиштата ги немаат основните хигиено-здравствени и педагошки услови за изведување на настава во овие вонредни услови. Да не се игра со здравјето, правото и интересот на децата.
Имено, човековите права се темелни стандарди кои државата мора да ги гарантира и обезбеди за секој поединец. Во таа смисла мора техничката Влада да ги има во предвид темелните права: граѓански, политички права, економски и социјални права, културни, еколошки, здравствени и други. Како и неотуѓивото право на човекот на живот на слобода и сигурност, без оглед на национално, етничко или социјално убедување.
Детето е човечко суштество и како такво треба да ги има сите права како и возрасните. Така правата на детето како составен дел на темелните човекови права е внесена во многу меѓународни документи кои се однесуваат за Правата на детето, а меѓу нив е најзначајна Конвенцијата за правата на детето (КПД) . Тој е меѓународен документ усвоен на Главното собрание на ООН на 20 ноември 1989 година, кој содржи универзални стандарди кои државите странки на Конвенцијата кој ја потпишале и ратификувале мора да гарантираат права на секое дете. Конвенцијата за правата на детето е ратификувана и потпишана и од Република Македонија (ова треба да го знаат во техничката влада и во МОН-советниците за образование нека го разгледаат документот).
Да го потсетам техничкиот премиер Оливер Спасовски, за неговата одговорност, како и одговорните во МОН, како и македонскиот здравствен штаб ( за борба против КОВИД19), дека КПД Ве задолжува и Ве обврзува како возрасни, функционери, кон детето (до 18 години) како и обврските на бројните општествени чинители, здруженија, фактори кои го третираат детето и неговите права. Конвенцијата за правата на детето е правен акт (закон) и ги задолжуваат државите односно, поконкретно македонската држава да ги почитуваат неговите одредби, да го надгледуваат спроведувањето на одредбите кои се ратификувани. А тие се вградени пред се во: Уставот, Законот за заштита на децата, Законот за семејство, Законот за основно и средно образование и слично.
Во овој дел сакам да ја потсетам техничката Влада, порано функционираше Национално кординативно тело оформено од сите министерства (МОН, Труд и социјална политика, здравство, МВР, МНР, Агенција за млади и спорт, Народен правобранител, невладини организации, Уницеф во Македонија и други). Ако не функционира, а мислам дека не функционира. Тогаш нужна е потребата од реактивирање на Националното кординативно тело (токму сега во ова вонредна состојба), која ќе донесе национална акциона програма за поголема грижа и заштита на децата како подмладок и идни граѓани. Поконкретно речено, Националното кординативно тело и акционата програма треба да ги имаат во предвид предизвиците на времето, условите, можностите, задачите, правата, обврските, потребите и насоките за динамизирање и реализирање. СЕ ЗА НАШИТЕ ДЕЦА.“ пишува во својот јавен повик виш инспектор Илиевски.