Голем број луѓе денеска заминаа на плажите во Калифорнија и покрај апелите на властите да избегнуваат такви излети и да продолжат да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
Илјадници луѓе во текот на викендот заминале на калифорниските плажи Њупорт и Хантингтон, а гувернерот Гавин Њусом се осврна на предизвиците со кои ќе се соочат многу жители на Калифорнија со доаѓањето на топлото време.
Тој на Твитер напиша „Калифорнија може да продолжи да ја исправа кривата само ако останеме дома и го почитуваме физичкото дистанцирање.
– Имате моќ буквално да спасите животи, додаде тој.
Полицијата во Пацифик Гроув ја затвори плажата затоа што се создала гужва и луѓето не ги почитувале ограничувањата.