На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица заразени со коронавирус.
Првата жртва е 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април.
На истата клиника почина и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.
Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Со тоа вкупниот број на починати лица во Македонија за кои како причина се именува корона вирусот достигна 65 лица или 32 на еден милион жители.
Словенија има 41 смртен случај на еден милион;
Романија – 33;
Србија 19;
БиХ – 18;
Хрватска – 14;
Грција 13;
Црна Гора 11;
Албанија 10;
Бугарија – 8