Американските демократи, кои се со мнозинство во Претставничкиот дом, објавија денеска дека Домот нема да ја продолжи седници следната недела, како што беше планирано, заради ризикот поврзан со пандемијата на новиот коронавирус.
Лидерот на демократското мнозинство Стенли Хојер ја објави таа ненадејна промена ден откако членовите на телото се побунија. Тој изјави откако зборуваше со главниот лекар на Конгресот дека ризикот е премногу голем.
Приватно, тој доктор ги предупреди претставниците на Долниот дом дека ќе биде потребно најмалку една година пред Конгресот да продолжи со работата како и обично.
– Нема да заседаваме следната недела, но се надеваме дека ќе се вратиме многу брзо, рече Хојер.