Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги демантира наводите објавени во текстот со наслов „Чулев бил против пофлексибилно движење за 1 мај, а граѓаните ги нарекол агресивни“.
-Ставот на министерот Чулев е дека одлуките кои ги носи Владата не треба да бидат во насока на заострување на мерките за ограничување на движењето и истиот е презентиран во рамки на сите тела на Владата и веќе е познат за јавноста. Напишано на овие интернет портали е комплетна невистина, Министерот Чулев во ниту еден момент и во ниту една дискусија не ги нарекол граѓаните „агресивни“, напротив неговиот став е дека секое дополнително ограничување на движењето може да се одрази негативно на сите нив, стои во демантот.
Тој во вчерашната изјава апелираше до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас.
Апелираме до медиумите да се водржат од ширење лажни и неточни вести, а професионалните медиумски организации да го осудат ваквото ширење лажни вести, потенцираат од Министерството.