Времето во Македониај променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер.

Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд засилување на ветерот и појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од  20 до 25 степени.

Во Скопје, Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.