Стапката на невработеност во Германија се зголеми за 13,2 проценти во април, што е најголем пораст од 1991 година поради влијанието на новиот коронавирус, соопшти германското Министерство за труд.
Федералната агенција за вработување регистрираше 308.000 нови невработени, според првичните податоци, во однос на претходниот месец, достигнувајќи 2.644.000, а стапката на невработеност се зголеми до 5,8 проценти.
Делумна невработеност во Германија се бараше за 10,1 милиони вработени во 751.000 компании во март и април, поради кризата со Ковид-19, што е за трипати повеќе отколку во текот на 2009 година, според официјалните податоци објавени денеска.
„Ова е невидена бројка во споредба со последните децении, при што барањата надминуваат неколку пати повеќе од нивото на големата рецесија во 2008/2009 година, се наведува во соопштението на Федералната агенција за вработување.