Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен пороен дожд, засилување на ветерот и појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 20 до 26 степени.
Во Скопје, Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.