Коронавирусот го загрозува затворскиот систем во САД, а во некои затвори речиси сите затвореници се заразени, оставајќи ги затворските администрации и вработените позитивни за коронавирусот  пред невозможна мисија за заштита на здравјето на затворениците, јавија американски медиуми.

Затворот Мерион во Охајо има највисока стапка на зараза во американскиот затворски систем при што коронавирусот инфицирал повеќе од 80 проценти од 2.500 затвореници, и 175 вработени позитивни за вирусот.

Бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирот болест е во пораст во затворите во целата земја, а управите немаат решение затоа што не можат да обезбедат социјално растојание во пренатрупаните затвори и се соочуваат со недостиг на медицински персонал и заштитна опрема.

Во затворскиот систем на САД има вкупно 2,3 милиони затвореници.

Бунтови поради несоодветните услови и бавниот одговор на затворските администрации на коронакризата избувна во затвори во државите Вашингтон и Канзас. Врз основа на јавно достапни информации, заразени се 13.436 затвореници и 5312 вработени низ целата земја.

Но, во повеќето затвори, тестирањето не е ни спроведено, а пет држави немаат никакви информации.

Затворите се рангираат на осмото место на листата на најзаразени локации во САД, според Њујорк Тајмс. Првите две места на списокот се домови за нега на стари лица и крузери. Федералната администрација на затворите, каде се 152.000 затвореници и 36.000 вработени, пријавила инфекции во повеќе од половина од 122 затвори со кои управува.

И покрај ова, спроведени се помалку од 3.000 тестови според кои 1.842 затвореника и 343 вработени биле позитивни, а 36 затвореници починале.