Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе може да остане во клубот, и покрај интересот на Реал. Дваесет и едногодишниот Французин размислува да потпише нов договор со парижаните.

Според „Л’Екипе“ ПСЖ му понудил на Мбапе истата плата како неговиот соиграч Нејмар – 683 илјади евра неделно. Оваа сума е скоро двојно поголема од сегашната плата на Мбапе.

Сегашниот договор на фудбалерот со ПСЖ истекува во јуни 2022 година.