Украина во 2014 година се ослобoди од прорускиот режим. Сите очекуваа просперитет, подобра соработка со ЕУ, слобода на пазарот и патувањата, раст на стандардот, нови работни места и нови технологии.
Денес, нешто повеќе од четири години од државнот удар и спроведувањето на стрктурните реформи кои ги бараа Брисел и ММФ, за Украина може да се каже дека е една од најсиромашните држави во Европа. Иако во 2013 година имаше проблеми, ситуацијата беше подобра. Населението не беше богато, но имаше некоја сигурност. Денес, ако се изземе елитата, останатите буквално немаат ни за леб. И ова не се вести од руската пропаганда, туку статистисички податоци на Киев и Светската банка.
Во споредба со 2013 година, степенот на сиромаштија во Украина значително е зголемен. Украински вести јавуваат дека граѓаните се повеќе штедат на храна и облека, а околу половина од населението живее со помалку од пет долари на ден или 130 украински гривни. Економистот Андреј Новак појаснил дека за минимален нормален живот во Украина се потребни 4358 гривни месечно по човек или 167 долари, додека 25 отсто од граѓаните живеат на границата на екстремна сиромаштија, пренесуваат Украински вести.
Нашите пензионери, па дури и 50 отсто од населението не можат да се пофалат со такви приходи, рекол Новак.
Светската банка ги потврдила податоците и ги нарекла „шокантни“. Украински вести додаваат дека од 2013 година до денес сиромаштијата пораснала за 67 отсто.
Новинарите анализирале што Украинците сега можат да си дозволат да купат во споредба со времето пред реформите.
Во некои делови има напредок. На пример, порано со просечна плата можеле да купат помалку компири и хељда, но сега драстично е влошена ситуацијата со месото, лебот и превозот (иако Украина се смета за најголем резерват на плодна земја во Европа). На пример, просечното украинско семејство сега може да купи од овие прозиводи за 2,2 пати помалку, а пилешко за 1,7 пати. Исто така, драстично се намалила потрошувачката на риба и морски плодови, како и овошје.
Драстично се зголемиле и потрошувачките кредити, како и купувањето на веќе носена облека, што е дополнителен доказ за паѓањето на стандардот. Се смета дека потрошувачките кредити допрва ќе се зголемуваат бидејќи како минува времето, така исчезнуваат и старите заштеди кои сега се трошат.
Директорката на Светска банка за Украина, Белорусија и Молдавија, Сату Кахконен, истакнала дека Киев добил многу повеќе пари од другите.
„Киев доби 5,5 милијарди долари… За жал овие пари не се употребени во целост“.
Според податоците на ООН, Украина сега е на ниво на најсиромошните азиски и африкански држави.
Во сите тие пресметки ги нема сметките за комуналии. Тие во 2013 година просечно по семејство изнесувале 400 гривни, а сега 2.500.
Провладиниот економист Александар Охрименко сета дека ситуцијата н е така лоша бидејќи голем број Украинци ги добиваат своите приходи во плико, на црно.
Украински вести