Вкупно 25 лица на ниво на цела држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Притоа 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.