Битолското јавно обвинителство до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.

Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 до 30 евра во денарска противвредност.с