Полициската статистика потврдува дека безбедносната состојба на подрачјето кое со својата активност го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар е стабилна.
– Во последното деноноќие на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, не е регистрирано непочитување на одлуката за забрана за движење. Исто така во двете општини, кои се под надлежност на Одделението за внатрешни работи од Дебар, не е евидентирано нарушување на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него во самоизолација е само едно лице, кое претходно било во државен карантин.
На ова подрачје, на кое како прво жариште на опасниот вирус на 13 март беше прогласена едномесечна кризна состојба, строго се почитувала одлуката за забрана за движење.
Во Дебар, по повеќе од еден месец, за првпат, на 27 април три лица ги прекршиле мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19, по што регистрирани се уште осум прекршувања.