Вкупно 55 лица на ниво на целата држава во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистиката на МВР, изминатото деноноќие на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.