На денешното рочиште за Рекет, Бојан Јовановски – Боки 13 изјави дека со обвинителката Вилма Русковска повеќе пати се среќавале во неговата 1 ТВ, а разговорите во четири очи заради атмосферата се одвивале со алкохол.
– Јас го договорив првото гостување на обвинителката Русковска во медиумот со кој раководев, рече на денешното судење Боки 13.
Тој додаде дека потоа уште неколку пати се среќавал со Русковска во 1ТВ, како што рече во четири очи и додаде дека разговорот се водел со чашка алкохол, ама тој не пиел.
– Во мојата канцеларија бев со Русковска. Разговаравме во четири очи. Сме пиеле кафе, алкохол. Јас не пијам алкохол, таква беше атмосферата, објаснуваше Боки 13.
Тој пред судот рече дека никогаш не се мешал во уредувачката политика на телевизијата и затоа било потребно судот да прифати да ги повика за сведоци уредниците од 1ТВ.
Боки 13 додаде дека 1 ТВ имала и многубројни деловни договори за рекламирање, меѓу нив и компанијата на како што рече, жртвата и сведокот во Рекет.