„Официјалниот јазик на Република Северна Македонија е варијанта на бугарскиот. Тоа е мислењето на научниците од Бугарската академија на науките кои ги собраа своите истражувања во специјализирано издание“, пренесува бугарскиот весник Дневник.

Д-р Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик го именува јазикот како „северномакедонски бугарски“:

„Тоа не знчи дека имаме територијални претензии, но само забележуваме дека тоа е исто како што германски се зборува во Германија, во Австрија и во Швајцарија и никој не зборува за австриски или швајцарски јазик“.

Раководителот на проектот проф. Васил Николов додал: „Тоа што велиме дека луѓето таму зборуваат варијанта на бугарскиот јазик, не значи дека им кажуваме „Вие сте Бугари“. Етничкото определување е лично“.

Но, како што наведува весникот, истражувањата на бугарските научници покажале официјалниот јазик во „Република Северна Македонија“ не е различен од бугарскиот и нема историја пред 1944 година.

Во создавањето на книгата „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија учествувале 12 автори и шест консултанти от три универзитета – Софискиот, Великотрновскиот и Благоевградскиот.