„Рускоска ми кажуваше кој ќе биде носен на распит, за да пуштам камера да го снимаме“, рече Бојан Јовановски – Боки 13 на денешниот распит во рочиште по повод случајот „Рекет“, пренесува ТВ 21 секвенци од денешното рочиште на „Рекет“. Тој истакна дека немал никакво влијание врз Катица Јанева.

„Како може некој што има ТВ да врши влијание врз еден специјален обвинител како Јанева кој дрма и коси? Не сум ниту премиер, ниту претседател да имам влијание врз пријателска основа. Тоа не постои. Но постои друга работа. Да надополнам дека Катица Јанева била многу порезервирана во давањето на било какви информации, поради тоа што новинарите бараа изјава од неа, сите сме барале да дознаеме било што.

Има една поситна состојба каде што јас сум бил директно пикиран од страна на Вилма Рускоска за нејзините дејствиа и за тоа кога и кој ден кого ќе повикува распит, за да пратам камера да го снимам. Сето ова го има „Ватсап“ комуникација“, рече Бојан Јовановски, се вели во прилогот на ТВ 21 од денешното рочиште.