Либан, по речиси два месеца карантин, повторно ги отвори џамиите и црквите, под услов верниците да ги почитуваат мерките за физичка дистанца и ограничување на бројот на луѓе во нив.

Пред да влезат, на верниците им се мери температура, а задолжителна е и дезинфекција на рацете.

Либан е земја со најголем процент христијанско население на Блискиот исток – од пет милиони луѓе кои живеат во оваа земја, третина се христијани.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, од почетокот на епидемијата во Либан има 809 случаи на заразени со Ковид-19, а починати се 26 лица.