Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изрази загриженост за настаните во Црна Гора и оцени дека тензиите речиси довеле до почеток на братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците.
Дачиќ изјави дека досега ниту во една земја не е забележано да се апси епископ на Српската православна црква.
-За првпат речиси доаѓаме во ситуација кога почнува братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците, без разлика кој како ќе ја нарече. Замислете сега ние да апсиме муфтии или епископи, рече Дачиќ за ТВ Прва, коментирајќи ги случувањата во Црна Гора по апсењето на српскиот епископ Јоаникиј и уште осум свештеници, кои синоќа беа ослободени од притвор.