СДСМ четврти ден молчат за скандалозното доделување на лиценци на фирми на блиски луѓе до Зоран и Вице Заеви, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во продолжение комплетаната прес-конференција на портпаролот Арсовски:

Криминалот во СДСМ стана “Modus Vivendi” и “Modus operandi”, односно криминалот стана начин на живеење и начин на работа и однесување во оваа партија.

Молкот значи дека се фатени живи во корумпираност и криминал. Сомнежите за штетното работење на Владата на СДСМ го потврдуваат со молкот, односно 4 дена молчат и не објаснуваат ништо во врска со овие две лиценци кои што ги доделиле во време на вонредна состојба.

Имено, 4 дена молчат за скандалот каде што Венко Филипче, Зоран Заев и Оливер Спасовски имаат одговорност за доделување на 2 лиценци на фирми поврзани меѓу себе преку менаџментот и со сопственикот и блиски воедно до семејството Заеви.

Да потсетиме уште еднаш, во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на оваа фирма е Христијан Котев, инаку син на претседателот на СДСМ Ново Село Тони Котев.

Во другата фирма која што ја доби лиценца исто така за одгледување на марихуана  од страна ана владата предводена од СДСМ и од Заеви пред 5 дена Лајтинг Лукс, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучедка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на другата фирма која што доби лиценца, Христијан Котев.

Дали СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски имаат намера да излезат во јавност, да се охрабрат и да им соопштат на граѓаните зошто доделуваат лиценци на блиски луѓе до СДСМ во време на вонредна состојба кога граѓаните секојдневно се борат со здравствена и економска криза предизвикана од вирусот Ковид 19?

Јавно прашуваме дали јавното обвинителство и Комисијата за спречување корупција имаат намера да отворат случај за овие две доделени лиценци од страна на владата во време на вонредна состојба?

СДСМ води штетна политика и за граѓаните и за државата. Корумпираноста на функционери од типот на Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски не може да се сокрие никако.

Одговорност за целиот криминал, корупција и штетна политика мора да има и верувајте дека ќе има веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.

Новинарско прашање: Вчера имаше зголемен процент на заразени од Ковид 19 во споредба со бројките на изминатите денови. Дали доколку продолжува вака со овие бројки или расте процентот, постои можност за согласување за датум на изборите?

Одговор: Зголемениот број на ново заразени и починати влева сериозна загриженост и упатува на нашата загриженост за здравјето на граѓаните и воедно мора да истакнеме дека брзи избори во тој случај никако не се можни, односно упатува на негрижата и несериозноста на Заев и СДСМ каде што единствено им е важно да одат на избори за да го ублажат поразот на Зоран Заев. Но, сепак да почекаме лидерската средба каде што и нашиот претседател Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на истата и ќе има изјави каде  што ќе го образложи тој својот став односно ставот на ВМРО-ДПМНЕ.