Републиканскиот претседател Доналд Трамп предлага затвор за неговиот демократски претходник Барак Обама и неговиот потпретседател Џо Бајден, пишува словенечко Дело во анализате на навистина шокантните настани во САД, кои за нас во Македонија по аферата со нелегалните снимки во кои беа вклучени и речиси сите западни амбасадори, а познато е кој им беше лидер, се нешто сосема нормално.
Во информативно-аналитичкиот на Дело, понатаму се вели:
„Во неделното интервју, тој (Трамп, н.з), разузнавачкото следење и надзор над членовите на неговиот изборен штаб и истрагата против него како „најголем политички криминал во историјата на нашата земја“.
На шест месеци пред претседателските избори во САД, во кампњата против Трамп се вклучи ид Барак Обама, иако пензионираиот претседател на САД, досега се држеше настрана од политичките пресметки меѓу Трамп и демократите. Но, шефот на државното разузнавање, Ричард Гренел, открива документи кои за републиканците се доказ за раширените разузнавачки кампањи против Трамп пред и по изборите. Сојузниците на претседателот се сомневаат дека самиот Обама се обидел да го поткопа неговиот наследник.
Многумина ги отфрлаат ваквите аргументи. За редакцијата на „Њујорк Тајмс“, одлуката на министерот за правда Вилијам Бар да се откаже од обвинението против првиот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, е злоупотреба на правдата, а во средина на изборната кампања, според весникот, Министерството за правда стана политичко оружје. Републиканците, за разлика од тоа, веруваат дека Флин бил притиснат од агенти на Федералното биро за истраги да признае за непостоечко дело, а истрагата на поранешниот директор на ФБИ, Роберт Мулер против Трамп, е чадот кој треба да ги затскрие нивните претходни постапки.
Во интервјуто за „Фокс њуз“ во неделата, Трамп го обвини поранешниот потпретседател и актуелен кандидат за демократски претседател, Џо Бајден, за сосема неубедливо негирање на фактот дека знаел за акциите против Флин. Синовите на Трамп исто така „се докажаа“ во навредите на политичките противници во текот на викендот. За Ерик, дури и Ковид-19 е демократска измама за да се спречат изборните собири на неговиот татко. Доналд Јуниор, пак, на социјалните мрежи, го опиша Бајден како педофил. Подоцна се правдаше дека само се шегувал, но додаде и фотографии од несоодветното однесување на Бајден кон млади девојки.
Инаку, Бајден во минатото вети дека повеќе ќе го „почитува личниот простор“ на другите, а неговиот персонал ги опиша изјавите на синот на претседателот како крајно шокантни и несериозни“, се вели во текстот на Дело.
Инаку, кај нас, Мицкоски неколку пати изрази сомнеж дека власта на Заев го следи, а за тоа се појавија и снимки од негови за кои тој тврди дека се доказ за следењето.