По добиените шест кривични пријави против седум лица, во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство – Тетово до Основниот суд – Тетово поднесе предлози за издавање на казнени налози за обвинетите.

Лицата вчеравечер за време на полицискиот час не ја почитувале забраната за движење и биле затекнати како се движат на разни локации низ Тетово. Со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот деветмината обвинети да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 100 дневни глоби.​