Марко ВИДЕНОВИЌ, Македонска филхармонија
Значи Комисијата за заразни болести нѐ убедува дека сѐ е во ред и има услови за одржување на избори, а од друга страна нѐ става неколку дена во карантин. Чудниот лик со искривени очи им наредил што да ни соопштат, додека тој ни ускратува 4- ри, за да испадне дека ќе ни ускрати само два и ние да извикаме едно гласно “хууух” и да бидеме “среќни и задоволни” бидејќи и сѐ останато што ни кратеше (крадеше) беше на истиот начин.
Или можеби важно е да нѐ одржат “здрави” до посетите на врата и до денот на гласање каде ќе сме “жива цифра” а ден по избори во онаа другата, црна графа.
Сѐ што треба да направиме е, да ја поткренеме маската над носот, да ги покриеме очите, во ушите да ставиме гипс, да испиеме чаша од синото средство за дезинфекција и да застанеме пред екранот за исповед.
На крај и ќе ме убедите да излезам на избори.