Вилсон Рузвелт Џерман, кој во Белата куќа служел повеќе од 50 години, на 11 претседатели, почина од новиот коронавирус на 92-годишна возраст.
Со работа во Белата куќа започнал во 1957 година, во време на претседателот Двајт Ајзенхауер, како хигиеничар, а неколку години подоцна бил унапреден во батлер од првата дама на САД, Џеки Кенеди.
Фотографијата од Џерман е објавена во мемоарите на Мишел Обама „Becoming“.
Неговата повеќедецениска служба во Белата куќа, исто така, беше предмет на многу историски студии за Афроамериканците во политиката.
Авторката на книгата од „Робовска колиба“ до „Белата куќа“, Корита Мичел од државниот Универзитет Охајо, изјави дека Џерман, како и многумина Афроамериканци од неговата генерација, извршувал со достоинство едно од ретките работни места што му биле достапни во тоа време.
Мичел изрази уверување дека фактот што Џерман ја заврши кариерата за време на претседателството на Афроамериканецот, Барак Обама, сигурно му причинувало задоволство.