Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ

СРАМЕН МОЛК ОД ВЛАСТА- ДАЛИ СТАВОТ НА ГОРЈАН ТОЗИЈА ЗА ХРВАТСКА Е И ВЛАДИНА ПОРАКА ИСПРАТЕНА
И СО ПОШТЕНСКАТА МАРКА?

Директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија со своите непримерни изјави, предизвикува дипломатски скандал и спор од невидени размери со Република Хрватска. Имено, Тозија, именуван владин државен функционер, ја нарекува Хрватска “Усташка држава”, а на владеачката хрватска партија ХДЗ и го наметнува епитетот “фашистичка”.

Од него е побарано извинување, но Тозија ја превртува и спинува тезата и споменува имиња и филмски продуценти кои воопшто немаат допирна точка со сериозниот скандал!

Досега со ставовите на овој владин функционер не се огради никој од државниот врв на Македонија со што се поставува прашањето дали изјавите на Тозија се идентични со ставот и на нашата власт?

Уште повеќе што неодамна Македонска пошта пушти серија поштенски марки со карта на „голема Хрватска“ , односно карта на Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна. И тоа токму на денот 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Сето ова наведува не само на несмасност во работењето на власта туку и доведува до сомнеж- какви пораки испраќа оваа власт на надвор имајќи ги предвид прво нивниот молк кон директните соседи, кон кои се поставува поданички и го брише историското минато, а потоа наметнува проблематизација кон традиционалните пријатели на Македонија со кои таа нема отворени прашања?