Голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген продолжува да преговара со клубот за потпишување на нов договор, објави новинарот Никола Скира на Твитер.
Двете страни сè уште не се согласија за платата на голманот. Дваесет и осумгодишниот Германец бара 10 милиони евра годишно од каталонски клуб, додека последната понуда на Барса беше 6,3 милиони годишно, плус бонуси.
Преговорите меѓу клубот и играчот ќе продолжат следната недела. Сегашниот договор на голманот е со важност до летото 2022 година.
Во сезоната 2019/20, Тер Штеген настапи на 34 натпревари за Барселона и прими 34 голови.