Претседателот Доналд Трамп во петокот вечерта бил однесен во бункер под Белата куќа, откако демонстрациите напредувале кон неа и се појавила закана за неговата безбедност, дозна синоќа „Њујорк тајмс“.
Повикувајќи се на искази од лице од обезбедувањето и официјално лице, весникот дозна дека Трамп во бункерот се наоѓал нешто помалку од еден час и потоа бил повторно качен на катот.
Според изворите, со претседателот на безбедно биле поместени и првата дама Меланија Трамп и нивниот син Барон.
Инаку, синоќа во Вашингтон мина и третата ноќ протести поради бруталното минатонедлно убиство на црномурестиот Џорџ Флојд во Минеаполис, за време на полициско задржување. Сцената на задржувањето и последните знаци на живот на Флојд беа фатени на камера, иако минувачите и лицата кои снимаа укажуваа дека човекот не дише, полицаецот се уште го држешеш коленото на неговиот врат.
Ова поведение на полицијата предизвика гневни реакции низ цела Америка, ги разгори духовите на расизмот на белите претставници насочен кон афроамериканското население во САД, состојба што по се изгледа не е променета со децении. „Црната“ заедница во САД е гневна, излезе на улиците во десетици американски градови со немири, протести и вандализирање поради самоволието на униформираните лица и убиството на Флојд, се прават и грабежи и палежи.
+Во Вашингтон синоќа, илјадници демонстранти се собраа на два блока од Белата куќа, во паркот Лафајет, каде имаше неколку запалени огнови, а некои бутици и продавници во овој бизнис и елитен дел на градот беа ограбени.
Полицијата се обидуваше да ги оттурне протестантите надвор од паркот и подалеку од Белата куќа со употреба на солзавец.
Гневните протестанти, на пример го уништија познатиот моден бутик Монклер.