Лекари во сирискиот град Алепо тврдат дека се почесто се сретнуваат со пациенти кои имаат прострелни рани од снајпер.
– Кога почна примирјето мислевме дека ќе можеме да здивнеме и дека ќе ма помалку повредени или дека воопшто ќе нема. Но, не е така. Сега се повеќе луѓе се примаат во болница, за време на примирјето примивме речиси 80 повредени лица во тешка состојба, од кои 25 починаа, изјави лекарот Абдурхамид ил Ага.
Тој додаде дека поголемиот број повредени луѓе се од снајпер.
Русија и Турција договорија примирје во Алепо, а борбите наводно престанаа на 6 март.