Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер, изјави дека не го поддржува предлогот на претседателот Доналд Трамп за активирање на Законот за ангажирање на војската во смирување на масовните протести во земјата поради смртта на Џорџ Флојд.
„Можноста за ангажирањето на активните вооружени сили во улога за спроведување на законот треба да се искористи само во краен случај, во најнезгодните и најтешки ситуации. Сега не сме во ниту една од овие ситуации. Јас не поддржувам активирање на Законот”, рекол Еспер за време на брифингот во Пентагон.
Трамп во понеделникот изјави дека е подготвен да испрати воени сили за да стави крај на насилните протести кои избувнаа по смртта на Флојд,
Американскиот претседател на тој начин изрази подготвеност да се повика на закон од 1807 година, кој му дава овластување да ја користи војската во спроведување на редот на улиците.