Македонците од Албанија денеска во селото Шијон кај Елбасан го прославија денот на Св. Јован Владимир.

Така е секоја година на 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да го прослават оовој празник во манастирот со името на светецот Св.Јован Бладимир, пишува весникот Илинден од Тирана.

Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете.

Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил Теодора Косара по што тој бил оженет со неа и вратен на престолот.

Но подоцна, починал царот Самуил на 6 октомври 1014 година, а царскиот престол го наследил син му Гаврил Радомир.

Св. Јован Владимир бил убиен во Ќафасан меѓу Струга и Елбасан. Ја извадил сабјата но сабјата не можела да го пресече. Свети Јован му ја дал својата сабја, и со неа неговиот тест го исекол. Со отсечената глава што ја носел во рацете одел Св. Јован до местото каде што сега се наоѓа неговиот манастир. Кога Св. Јован дошол до него дабот му се поклонил и тука Владимир паднал. Потоа тука е подигнат манастирот.

Уште, се раскажува дека за време на Втората светска војна Италијаните сакале да го однесат кивотот на Св. Владимир, но не можеле да го кренат. Очигледно повеќе претстави од народното паметење нашле место во овие преданија.