МИЦКОСКИ: Пред 10 дена ја победија пандемијата, денес имаме 120 ново заразени, зар не е тоа поважно од вчерашниот циркус?

/ 04.06.2020

Вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека има доста поважни теми од циркузот што го приредија послушниците на Зоран Заев. Мицкоски потсети дека за жал денеска има 120 заболени од Ковид-19.

„Денеска имаме 120 луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот, за жал. Имаме двајца кои што ги загубија животите. Имаме една нова реалност, нели, ја победивме пандемијата пред 10-тина дена, две недели. Славевме, имаше спектакуларни прес конференции. Политичарот, докторот Караџовски заедно со техничкиот претседател на Владата, со ресорниот министер, практично мини забава се случуваше на таа прес конференција. Славевме сите, славевме практично една нова реалност, како што тоа ни беше претставувано од страна на овие луѓе. И мислам дека имаме многу позначајни теми од она кое што се случуваше вчера како циркуски спектакл што го приредија малкумина послушници на Зоран Заев“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа што требаше да го каже го соопшти преку неговото обраќање на социјалните мрежи и повторно ќе повтори дека погрешил и е подготвен да плати казна што следува.


Од истата категорија