Фејсбук започна да ги означува страниците и групите на својата мрежа кои се создадени од кинески и руски државни медиуми. Подоцна, ќе започне да се означува и нивната реклама, се вели во денешното соопштение од компанијата.
Ознаки за тоа дека се работи за државни медиуми ќе се појават на страниците на рускиот државен канал РТ, кинескиот канал Си-Си-Ти-Ви и кинеската агенција Синхуа. Дека е контролиран од државате, ќе биде означен и официјалниот весник на Централниот комитет на кинеската Комуниситчка партија.
На страниците на овие и сите други медиуми контролирани од држави ќе се појави оддел „Транспарентност на страната (Page Transparency).
Како што се ближат изборите во САД во ноември, на таквите изданија ќе им биде забрането да поставуваат реклами за корисниците во оваа земја.
Од Фејсбук укажаа дека ако издавачот озачен на тој начин не се согласува со решението на социјалната мрежа, може да ја даде компанијата на апелација.