Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку порака на Фејсбук, се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење по наглото зголемување на бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус.

Рама оцени дека зголемувањето на бројот на новозаразени е последица на фактот што граѓаните ги игнорираат препораките на здравствените власти за заштита.Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално растојание и да носат маски и ракавици.

Рама нагласи дека владата може да воведе рестриктивни мерки.

„Бројот на заразените гледате расте,исто така се зголемува и бројот на оние кои се лекуваат болнички.Она што е најзагриужувачко е дека доколку трендот на новозаразени продолжи вака,не само што може да ни донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да не врати назад да се затвориме се до пронаоѓањето на вакцината,- вели Рама.

Поради вирусот во Албанија, границите беа затворени околу два месеца, како и ресторани, кафулиња и други места за собирање. Ограничувањата беа олеснети пред повеќе од две недели, а во претходните три дена беше регистриран остар скок на бројот на потврдени инфекции.

„Економијата паѓа и расте. Мртвите не можат да оживеат“, рече Рама во видео пораката на Фејсбук.

Албанија има регистрирано 1.385 регистрирани случаи на инфекција и 35 смртни случаи од коронавирусот.