Словенечката полиција синоќа привела и казнила седум демонстранти по антивладините протести на неколку илјади луѓе пред парламентот.
Како што пренесува ХИНА, словенечката полиција соопштила дека седумината се казнети заради кршење на јавниот ред и мир.
После тоа тие се пуштени, а полицијата продолжила да собира сознанија дали пред парламентот биле извршени и кривични дела.
Според наводите на полицијата, до инцидентот дошло синоќа околу 20 часот кога повеќе демонстранти собрани во центарот на градот, се обиделе да ја урнат оградата пред парламнтот и и се спротивставиле на полицијата која се обидела да ги спречи.
Проценки на полицијата се дека во демонстрациите учествувале пет илјади луѓе, додека „невладанините“ организации и различни групи кои бараат оставка од Владата на Јанша, нешто слично како и македонската „Шарена револуција“ проценуваат дека имало двојно повеќе луѓе.
Премиерот Јанез Јанша повеќе пати истакна дека протестите против неговата Влада ги организираат екстремни групи од левицата и групи кои ги поддржува и парламентарната левица, со цел дестабилизација на неговата коалицина влада.
Ознаки: топ
Од истата категорија