Американските војници не се во Германија за да ги заштитат нејзините интереси, туку да ја обезбедат трансатлантска безбедност, изјави германската амбасадорка во САД, Емили Хабер.
Британските медиуми наведуваат дека германската дипломатка забележала дека Берлин добил известување од американските власти за намерата на Вашингтон да го намали бројот на нејзиниот воен контингент во Германија на 25.000 лица.
-Американските војници не се таму за да ја одбранат Германија. Тие се таму за да ја заштитат трансатлантската безбедност, рече таа. Тие се таму за да го обезбедат американското воено присуство во Африка и Азија.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави намерата на САД значително да го намалат бројот на својот воен контингент во Германија, на 25.000 лица, доколку Германија не плати за нивно сместување и не се врати на своите обврски кон НАТО.