Индија евидентираше најголемо дневно зголемување на смртните случаи поврзани со коронавирус, вкупно 445, додека вирусот се шири брзо низ руралниот дел од земјата, соопштија денеска властите.
Потврдени се 425.228 случаи на заразени со коронавирус, додека 13.699 лица починале, соопшти денеска индиското Министерство за здравство. Во последните 24 часа, коронавирусот беше потврден кај 14.821 лица.
По САД, Бразил и Русија, Индија е четврта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
Бројни случаи се потврдени во руралните општини откако стотици илјадници надничари се вратиле во своите села затоа што немало работа во градовите поради воведениот карантин во март.
Индиските држави кои примија најмногу работници забележаа и најголем пораст на бројот на заразени во двете недели до 8 јуни, пишува Блумберг, повикувајќи се на интерни проценки на владата.