Најмалку 85 лица се повредени синоќа при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дуранго.

Во време на несреќата во авионот од типот „Ембраер 190“ се наоѓале 97 патници и четворица членови на екипажот.

Гувернерот на Дуранго, Хозе Росас Аиспуро информира дека по несреќата биле хоспитализирани 49 лица од авионот, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Според Аиспуро, во време на несреќата во реонот паѓал силен град и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот.

Претставник на аеродромот во Дуранго исто така ги посочи лошите временски услови како причина за падот на авионот.

По падот авионот се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат,

Авионот бил на лет од Дуранго кон Мексико Сити.