Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, преку статус на Фејсбук пишува дека детските градинки не ги отвораат за да функционираат, ама затоа ги отвораат за Зоран Заев.

„Денеска, Зоран Заев бил во Штип. Ни помалку, ни повеќе посетил детска градинка и болница.
Ни срам, ни перде.
Детските градинки не ги отвораат за да функционираат, ама затоа ги отвараат за Зоран Заев.
Ја посетил и болницата во Штип, а од Клиничкиот центар ни трага ни глас. Од парите исто така.
Ееее, наместо Вилма да го викне во обвинителство за да објасни како рекетирал домашни и странски бизнисмени, тој се шета како месија во Штип.
15-ти јули е блиски, а аналогно на тоа, Заев уште поблиску до затвор.
ПС Требало да го посети и КПУ Штип, да види каде ќе престојува наредните години.
Да живее Република Македонија!“