Да не беше хибриден режим, Заев во Македонија ќе беше затворен за корупција, а владата ќе се справуваше со корона кризата, се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на актуелната состојба во Македонија.
– Власта на СДСМ наместо да инвестира во здравствениот систем се фокусираше на рекет на огромни суми пари. Последиците од нивните злоупотреби ги чувствуваме сите. Македонското здравство се распаѓа. Секој ден имаме повеќе од 150 заболени и десетина починати. Повеќе од 6.000 македонски граѓани се разболеа од Ковид-19, а СДСМ се неспособни и незаинтересирани. Додека здравствените работници имаат сериозен недостаток и молат за медицинска опрема, имавме можност да видиме како Директорот на Фондот за здравство Ден Дончев зема снопчиња со пари и ги става во чанта. Тоа е вистинското лице на македонските здравствени власти, се вели во соопштението.
Во продолжение се додава:
– Република Македонија остана единствена држава во опкружувањето каде епидемијата на коронавирус се уште неконтролирано беснее и како последица на тоа економијата пропаѓа, а сиромаштијата расте. Малите бизниси се оставени сами да се снаоѓаат, а помош од државата добиваат фирми блиски на врвот на СДСМ. Македонија стана и центар за рекетирање и на бизнисмени во соседството. Пред два дена слушнавме како црногорски бизнисмен платил 300.000 евра на Заев за да добие одредени поволности за водење бизнис во Македонија. Единствено тука рекетарите се заштитени од „трас трас“ судството контролирано од Заев. Меѓународните организации го гледаат и нотираат криминалот на власта. Не зачудува фактот што Македонија е на дното на рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата и е пласирана на 106-то место. Со ваква власт почнување на преговори со ЕУ е сеуште далечна и неостварлива цел. Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!- се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.