Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро стави вето на закон за носење маска на јавни места и задолжително носење во јавниот превоз.
Ветото исто така опфаќа задолжителна употреба на маска во јавната администрација, трговски, индустриски и верски објекти, како и во затворени простории каде што се собираат многу луѓе.
Институциите не се должни бесплатно да им обезбедат маски на вработените и клиентите.
Кон крајот на јуни, федерален судија во Бразил му нареди на Болсонаро да носи маска за лице на јавно место откако екстремно десничарскиот лидер одби да ги почитува мерките за контрола на коронавирусот во Бразил.
Шефот на државата редовно ги крши мерките за физичко растојание во главниот град, се ракува и се прегрнува со приврзаници на митинзи, организира скари, оди на стрелишта и оди во ресторани за брза храна, и постојано е без маска, пренесува Бгнес.
Од почетокот на епидемијата, во Бразил се регистрирани 1.496.858 случаи на Ковид-19, од кои 61.884 луѓе починале.