Пилот на воен хеликоптер Ми-2 загина при уривање на леталото во регионот Краснодор, соопшти Службата за вондредни ситуации во Русија.
– Хеликоптерот вклучен во земјоделски активности се урна во округот Красноармејски. При падот на хеликоптерот загина пилотот, кој беше единствен патник во леталото, се наведува во соопштението на Службата за вонредни ситуации.
Според очевидци, хеликоптерот при падот се запалил и целосно изгорел.
Се уште не се познати причините за несреќата.