Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжи со активностите на терен во втората изборна единица во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори.
Тимот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посети кумановската населба Перо Чичо, од каде што потекнува носителот на СДСМ во втората изборна единица и технички премиер Оливер Спасовски.
-Газиме моќно во н. Перо Чичо ? Ќе го победиме јако Спасовски и на “домашен терен” Тргната е лавината, нема назад… #ИсправиСеМакедонијо ??, порача на социјалните мрежи Бране Петрушевски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2.
И покрај тоа што Спасовски потекнува од ова населено место, сепак ВМРО-ДПМНЕ редовно победува во неговата населба.